Земјоделски
Институт

услуги – истражување – настава

Историјат на институтот

ЗЕМЈОДЕЛСКИ ИНСТИТУТ – СКОПЈЕ е една од најстарите научноистражувачки организации од областа на земјоделството во Република Македонија.

Уште од далечната 1927 година од тогашниот околиски расадник во Скопје се формира Агроботаничкиот отсек во Вардарска Бановина – Кралство на Југославија, при што оваа година е зацртана како зачеток на идниот Земјоделски институт на Република Македонија. Во 1929 година од Агроботаничкиот отсек се формира “Огледна и селекциона пољопривредна станица”.

Во текот на 1933 година од “Огледната и селекционата станица” се формира “Пољопривредна огледна и контролна станица” под надлежност на Министерството за земјоделство.

За време на Втората светска војна (1941 – 1945) и окупацијата на Република Македонија, поголемиот нејзин дел потпаѓа под власта на Република Бугарија, при што “Пољопривредната огледна и контролна станица” се преименува во “Институт за земјоделие” (1941-1944)

По ослободувањето на Република Македонија (во текот на 1944/45 година) и Скопје (13ти ноември 1944 год.) со Решение на Президиумот на АСНОМ бр.15 од 15ти декември 1944 година формиран е Земјоделско испитателниот институт на НРМ како буџетска установа, која низ текот на годините и под слични имиња опстојува и до денес. Оваа дата (15ти декември 1944) се зема како официјален податок за почетокот на постоењето на Земјоделскиот институт како научна установа од областа на земјоделството.

Од своето основање па до денес Земјоделскиот институт – Скопје има поминато вкупно седум организациски поставености. Со својата последна организациска поставеност Земјоделскиот институт – Скопје работи во состав на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, како една од организациските единици на Универзитетот.

Објави

Студентска конференција – 09/11/2023

На 09/11/2023 година, претставници од Земјоделскиот институт учествуваа на IV Студентска конференција под наслов „Критични прашања во земјоделството и животната средина“, организирана од страна на Земјоделскиот факултет при Универзитетот „Гоце Делчев“ – Штип.

Прочитај Повеќе

Меморандум Сараево – 08/11/2023

На 08/11/2023 година беше потпишан Меморандум за соработка помеѓу УКИМ Земјоделскиот институт – Скопје, застапуван од Директорот на Институтот, проф. д-р Виктор Ѓамовски, и Земјоделско-прехранбениот факултет во рамки на Универзитетот во Сараево, Босна и Херцеговина, застапуван од Деканот, проф. д-р Мухамед Брка.

Прочитај Повеќе

Посета Чачак – 24 – 26/10/2023

Во периодот од 24-26.10.2023год, беше организирана работна посета на Институтот за овоштарство во Чачак, Република Србија, со цел продлабочување на повеќегодишната научна соработка од областа на овоштарството.

Прочитај Повеќе