Нашата организација: Македонското земјоделие, со цел да остане конкурентно во процесот на транзиција и преструктуирање, е во тесна врска со научните институции кои можат да обезбедат валидни информации за пона­та­мошниот развој. Научниот кадар на ЈНУ Земјоделски институт постојано ги следи најновите достигнувања во областа на модерното земјоделие. Оваа научна институција е една од најстарите во Р. Македонија и е оформена во 1923 година. ЈНУ Земјоделски институт, работејќи во исклучителни динамични услови, со својот тим обезбедува поддршка за развој на македонското земјоделие.

Мисија: ЈНУ Земјоделски институт активно учествува во процесот на имплементација на најновите достигнувања од областа на земјоделието. Основна цел е да се обезбеди примена на најсовремени научни методи кои ќе бидат прифатливи за производителите. Освен тоа, наужниот кадар на ЈНУ Земјоделски институт учествува во решавање на тековните проблеми кои се појавуваат во процесот на производството користејќи најсовремени методи. ЈНУ Земјоделски институт го сочинуваат три оддели:

•  Оддел за полјоделство
•  Оддел за лозарство и винарство
•  Оддел за овоштарство

Меѓународни проекти кои се однесуваат на интегрално и органско производство

•  Регионална балканска мрежа за заштита на растителните генетски ресурси - Шведска меѓународна агенција за развој
•  Следење на еутрификацијата на Црн Дрим - Норвешки истражувачки совет
•  Одржлив развој на производството на овошје и зеленчук - Меѓународен центар за современи студии во област на земјоделие

Дистрибуција на тешки метали во почва и растенија третрани со Агат 25К - Министерство за животна средина и просторно планирање

Агат 25 К е биостимулатор и фунгицид базиран на инактивирани бактерии и се користи во процесот на заштита на растенијата. Тимот на ЈНУ Земјоделски институт изврши дополнителни испитивања за влијанието на Агат 25 К. Резултатите од спроведените испитувања покажаа дека овој препарат ја инхибира апсорбцијата на тешки метали кај испитуваниот зеленчук. Во спротивна насока е дејството кај фуражните култури, каде што препаратот ја стимулира абсорпцијата на тешки метали. Влијанието на АГАТ 25К е позитивно во двата случаи: инхибицијата која настанува кај градинарските култури овозможува да се произведат прехранбени продукти од растително потекло со помала со­држина на тешки метали, а стимулацијата на абсорпција на тешки метали кај фуражните култури овозможува користење на овие растенија за ремедијација на контаминираните почви.

 
 
Copyright © 2005 Земјоделски Институт Скопје