Одделот за винарство при ЈНУ Земјоделски институт, Скопје покрај научно истражувачката дејност и учеството во изработката на голем број на проекти од областа на енологијата, извршува и повеќе апликативни дејности преку својата енолошка лабораторија од кои како приоритетна е вршењето на контрола на вино и јаки алкохолни пијалоци кои се наменети за извоз и издавање на соодветна документација за квалитетот на истите.
Исто така одделението е задолжено и за изведување на микровинификација, односно производство на вино во микро услови, кое се изведува со цел испитување на квалитетот на вината со употреба на различни технолошки постапки и методи на винификација, од одредени нови интродуцирани сорти и клонови, како и од постоечките сорти винова лоза, застапени во колекциониот насад при институтот.
Преку својата консултантска дејност, одделот за винарство е сервис на винариите и е во постојан контакт.
Во одделот за винарство се вработени три доктори на науки, еден хемиски инжинер, еден лаборант и два инспектора.
|