Одделение за поледелско и градинарско производство

Одделението за поледелско и градинарско производство ги опфаќа испитувањата во областа на поледелското и градинарското производство и генетика, физиологијата на поледелското, фуражното и градинарското производство.

Акцентот е даден како на околината така и на хуманото и анималното органско производство.

Одделението учествува во имплементацијата на CBD и конзервацијата (зачувувањето) на PGR/FA. Експертската работа се состои во водење на проекти со кои е опфатена интродукцијата (внесувањето) на новите земјоделски растителни видови, еволуција на видовите во различните агро-еколошки услови и координација на центарот за градинарско производство и трите станици за градинарско производство во Република Македонија. Официјалните поледелски испитувања се изведуваат под покровителство на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство. Исто така, тука се опфатени и анализите на квалитетните својства на семенскиот материјал како и контролата на семепроизводството.

Во Земјоделскиот институт одгледувањето на пченицата и доматот има долга традиција. Во нашата програма за одгледување приоритетот е даден на подобриот квалитет и адаптибилност на климатските услови во Македонија.

Земјоделскиот институт и Земјоделскиот советодавен сервис се вклучени во имплементирањето на експертските проекти. Публикациите и предавањата се подготвени од страна на членовите на одделението кои исто така, заедно со производителите, се вклучени во работата.



 
 
Copyright © 2005 Земјоделски Институт Скопје