ПРИОДИ ЗА КВАНТИФИКАЦИЈА НА ЗАГАДУВАЊЕТО ВО СЛИВОТ НА РЕКАТА ДРИМ/ДРИНИ
Дримпол проектот е кооперативен проект помеѓу научните работници на Република Македонија, Република Албанија и Норвешка. Преку мерење и анализа на податоците од сливот на реката Дрим, проектот се стреми кон квантифицирање на вкупната содржина на азот и фосор во сливот. Поспецифични три основни цели на проектот се следните три:
- Компилирање и анализа на постоечките податоци од досегашниот мониторинг на квалитетот на водата како и изворите на нутриенти во сливот на реката Дрим,
- Да се генерира буџетот на нутриенти во сливот на реката Дрим, со посебен осврт на двете езера Охридското и Препанското,
- Да се даде оценка за потребата од план за абатемент
Дримпол проектот ќе обезбеди подобрена рамка за инегриран менаџмент на водните и почвените ресурси на прекуграничните сливови во Југоисточна Европа, со посебен осврт врз аспектите поврзани со квлитетот на водата и мерките за контрола на загадувањето.
Дримпол проектот исто така овозможува размена и трансфер на знаење помеѓу научните работници од сите три земји учеснички. Ова ќе го овозможи процесот на учење за тоа како се управува со прекуграничните сливови, во согласност со Рамковната Директива за вода на ЕУ.
Дримпол Проектот започна во Септември 2003 и ќе заврши во Јуни 2005 година.
|