Во Одделението за заштита на растенијата функционираат лаборатории за нематологија, бактериологија, вирологија, микологија и ентомологија. Основните апликативни активности се преставени преку следниве области:

Тестови за пестициди

Изведување на тестови за биолошка и хемиска заштита на растенијата.

Сервиси за консултација

Заедно со другите членови на одделението за заштита на растенијата на разни средби ние го пренесуваме нашето знаење на одгледувачите во форма на консултации со советниците, технолозите и произведувачите.

Идентификација на штетните организми

Се врши детерминација на растителни болести, штетници и плевели (растителни видови), се даваат одговори на проблемите и се препорачуваат соодветни заштитни мерки. Одделението за заштита на растенијата учествува во националната програма и мониторинг на штетните и карантински организми. Оваа работа е базирана на експертските испитувања, мониторинг и систематско испитување. Таа се состои од три основни дела:

•  дијагнози, во чии рамки се направени лабораториските анализи за присуство на вируси, бактерии, габи, инсекти и нематоди, развиени се и преставени техниките за дијагностицирање на вирусуте и одржување на колекциите на антитела, патогени и растителни тестови за дијагностичката работа.

•  подршка на официјалниот орган, во чии рамки одделението за заштита на растенијата учествува во анализите на ризичните пестициди, подготвува експертски мислења, извештаи и публикации и мониторинг во однос на појавувањето и ширењето на штетните и карантинските организми во Република Македонија.

•  сервис за прогнозирање и предупредување кој се користи со набљудување на растителните стадиуми на поважните поледелски култури, мониторинг на економски важните штетни организми, податоци за метеоролошките мерења како и други податоци. Собраните податоци комбинирани со одредени модели за прогнозирање се користат за предупредување и давање препораки за заштита на растенијата.

 
 
Copyright © 2005 Земјоделски Институт Скопје